Џек Ма со понуда до Путин која не се одбива

За Џек Ма не треба да се трошат зборови, како и за неговите претприемачки потфати и неговата филозофија за успех. Основачот на Алибаба, Џек Ма изјави дека неговиот електронски трговски гигант сака да соработка со руските научници и инжинери, за време на неговата посета на Русија и истакна дека на секоја нова посета во Русија се чувствува се подобро и подобро.

“Бев на Московскиот универзитет и си поминав прекрасно со младите луѓе. Ја видов нивната амбициозност, креативност и имагинација” изјави тој.

Џек Ма истакна дека Русија се повеќе се развива на подрачјето на науката и технологијата.

“Мислиме дека Алибаба треба да се придружи на циклусот на развој на Русија” изјави тој.

Ако се земе предвид дека големите руски енергетски компании направија партнерство со големите енергетски корпорации од западните држави при што добија на поголема тежина и влијание како економско така и политичко и технолошко. Нешто слично може да се очекува од Алибаба ако се направи стратешко партнерство помеѓу руските научници, инжинери и претприемачи од една и гигантот во електронската трговија од друга страна.

Кој пак има уште неколку услуги за кои многу малку луѓе слушнале како на пример Ant Financial највредната fintech компанија во светот што е во сопственост на групацијата Алибаба, за што Macedonian Business Hub ќе пишува во некоја наредна прилика.

“Технолошката револуција доаѓа и никој не може да ја сопре…. Ако продолжиме да ги учиме нашите деца како што ги учевме во последните 100 години, ние ќе ги оставиме без работа во наредните 30 години” рече Ма.

Тој истакна дека владите ширум светот треба повеќе внимание да посветат на тие кои се помлади од 30 години.

“Влегуваме во нов свет, а многу малку луѓе навистина го разбираат колку е моќен, колку е револуциионерен”, кажа тој.

Топло препорачуваме да го прочитате и овој текст Jack Ma во една реченица кажа кој е најголемиот проблем на САД и каква понуда му дал на Трамп тогаш.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!