Приказната како настана Lamborghini
Lamborghini е еден од најпосaкуваните спортски автомобили, но приказната како настана Lamborghini поради навреда од основачот на Ferrari е многу инспиративна и мотивациска. Ferruccio Lamborghini е роден во сиромашно семејство. Неговите родители земјоделци вредно и напорно работеле за да заштедат пари за да купат трактор.
Ferruccio Lamborghini
Ferruccio тогаш се заинтересирал за земјоделска механизација, а неговиот татко се решил да го подржи за да научи како се поправаат големи машини. Тогаш таткото на Ferruccio позајмил пари и му овозможил да се запише на Машински факултет. После Втората Светска војна Ferruccio Lamborghini отворил мала работилница во која се поправале трактори. Но не поминало долго откако и самиот почнал да произведува трактори, така првите произведени возила на четири тркала се од трактор а не од спортски автомобил кој го има произведено Lamborghini.
И така со вредна работа и љубов кон работата настанал тракторот Lamborghini, и од него успеа да направи многу успешен бизнис. Откако направи голем и успешен бизнис со тракторите Lamborghini, парите веќе не беа проблем за Ferruccio па почна да ги троши на задоволства, веќе поседувал неколку спортски и луксузни автомобили а помеѓу нив и Ferrari коj имал проблем со кумплугот.
Со оглед на тоа дека има завршено машински факултет а веќе поседува и фабрика за производство на трактори, а имал и големо знаење за мотори отишол кај Enco Ferrari добронамерно да му даде неколку совети како да го реши проблемот со кумплугот. Кога му го кажал тоа Enco му кажал да се држи до правењето трактори и да не се занимава со индустрија за кој тој нема врска.
Enzo Ferrari
(продолжува на страна 2)