Ако владата толку сака да воведе контрола врз движењето на парите нека го вратат Заводот за Платен Промет
Ако Владата толку сака да воведе контрола врз движењето на кешот, нека го вратат ЗПП (Завод за Платен Промет). Поголема контрола, здравје. За помладите кои незнаат, ЗПП беше државна установа задолжена за платниот промет меѓу физичките и правните лица.
На пример: денес одите во Вашата банка, и со пополнување на црвено налогче испраќате пари на правен субјект во друга банка, плаќате вода, струја, интернет и слично.
Сето ова можеше да се обави и преку пошта. Се тоа можете да го направите и електронски. Кога постоеше ЗПП, фактурите меѓу фирмите се плаќаа 100% преку него. Во банка се одеше само за подигнување и депонирање на кеш, размена на валути, и евентуално плаќање или подигање на кредит.
Движењето од една на друга З-Сметка беше преку ЗПП (Во сегашен Централен Регистар/НБРМ) и таму имаше редици за чекање по неколку саати. Државата ја контролирапе секоја паричка која се движеше од еден до друг субјект. Денес е тоа изводливо и во време на интернет и дигитализација… арно ама заборавете на платежни картички од светски брендови, заборавете на PayPal, на Е-bay. Заборавате на банкомати, поготово на повлекување кеш од банкомати на други банки.
Заборавате на Western Union, Money Gram, и слични. Тие системи НЕ ФУНКЦИОНИРААТ преку шемите на ЗПП туку преку директен линк меѓу самите приватни финансиски субјекти.
Дури тогаш стапот ќе го изеде македонската трговска размена (платниот промет со странство беше рак рана на ЗПП) денешните странци ќе имаат сериозни проблеми со повлекувањето на готовина во Македонија…. и не знам што ќе остане од туризмот во Македонија а за аутсорсинг работење со странски компании само ќе сонуваме.
Не е потребна поголема контрола на кешот, потребна е поголема слобода истиот да се прави полесно, и да се акумулира повеќе.
Виктор Трифуновски
*Дополнување од Macedonian Business Hub заради преголемата контрола и регулација преку законот за девизно работење и ден денеска во Македонија компаниите од тука не можат да продаваат преку PayPal и слични сервиси.
[yop_poll id=”4″]