Нешто што не не учат на училиште

Лидери и лидерство.
Претприемачи и претприемништво.

Нешто што не не учат на училиште. Во текот на моето образование, моите професори секогаш не насочуваа како да најдеме работа, како да работиме за некој или како да напишеме добро CV.

За жал, ретко кој спомнуваше нешто за другата страна на приказната – како да имаме нешто свое. Никој не спомна нешто во стилот “Утре кога ЌЕ ИМАТЕ СВОЈА КОМПАНИЈА…”

Едноставно не зборуваме за ова и не ивестираме во луѓе со таков потенцијал.

Оттука, прашањето е: дали ни оставаат избор да одлучиме што ќе бидеме самите или ни го имаат дефинирано нашиот mindset (не)свесно?

Пред една година, присуствував на една обука каде гледавме видео како е да се работи во Google. Билијард маси, соби за игрици и одмарање, неограничена храна и пијалок – рај. Повеќето од присутните рекоа: “Леле баш би сакал да работам тука”. Навистина се прашувам колкумина помислеа нешто во стилот “Е ваква култура ќе има фирмата што утре ЈАС ЌЕ ЈА СОЗДАДАМ”.

Ние не сме научени да размислуваме на овој начин, бидејќи цел живот не’ учат нешто друго.

Лидерите / претприемачите не паѓаат од небо. Треба да ги барате, да ги обучите и обликувате.

Што мислите за ова?

Емилија Ѓорѓевска

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!