Кејнз, бизнис циклусите и македонскиот револт против реалноста

Изборите завршија на станарден македонски начин, со насилство, притисоци, мешање на меѓународниот фактор, и традиционално одсуство на идеолошка дебата околу суштинските државни проблеми. „Позитивниот набој“ кај победниците и сите оние кои им веруваат, многу брзо ќе исчезне во периодот 2018-2020 година, кога ќе се судрат (и тоа бааги силно) желбите, мотивите, идеите со реалните можности на нашето стопанство.

Македонските политички партии не го напуштија комунистичкиот просек во сите години на транзицијата. Нивната опсесија со бесплатни услуги, со политички планови во однос на стопанството, нивното побожно уверување во семоќта на државните финансиски интервенции, како и нивната ароганција кон фактот дека долговите растат побрзо од БДП, ќе не доведат до уште поголема транзициона темница…која сигурно ќе биде полоша од било кој банкрот. Во изминативе години, не се појави значителен фактор (партија, НВО, група интелектуалци или слично) која ќе ја повлече барем дебатата во обратен правец, која ќе даде предност на рационалноста, наместо на емоциите, која ќе го фаворизира пазарот како арбитар на вредностите, а не политичките желби и амбиции.

Македонија троши повеќе одколку што заработува, и игнорирањето на овој факт нема да ги одбегне последиците кои се неизбежни. Таквото игнорирање почнува со теоретската предпоставка, дека долговите ќе создаделе економски раст, кој понатаму не само што ќе ги врател средствата, туку ќе го зголемел и животнот стадард. Ако е ова точно, тогаш зошто долгот расте побрзо од БДП? Не познавам поглупави одговори, од теоретско-политичките обиди да се одбегне одговорот на ова прашање. Ваквото однесување, е интелектуален производ на најголемиот шарлатан во историјата на економската мисла, Џон Мајнард Кејнз, според кого задолжувањето на државата е ирелевантно, бидејки на долг рок сите ќе сме умреле.

johnmaynardkeynesmbh__15
John Maynard Keynes

После Кејнз, од 1930-тите години, па наваму, САД е во војна БУКВАЛНО СЕКОЈ ДЕН, при што е изграден НЕНОРМАЛНО голем воено-индустриски комплекс, чии лобисти дефакто ја рекетираат САД како држава (па повремено и целиот свет) повремено ги поткопуваат нејзините демократски темели, доведувајки го државниот долг до апсурдни размери. Од лидери на Слободниот Свет, САД полека се претвораат во ТУТОР кој владее со двојни стаднарди, а тоа е последица на заблудите од Њу Дил, кои во изминативе децении се надоградени со модерни и кобајаги софистицирани идеи.

Тоа неможе да биде нормална, ниту логички издржана идеа, без разлика што е Кејнз денес подигнат на ниво на божество по универзитетите, и тоа врз лагата дека наводно го спасил капитализмот во 1930-тите години. Фридрих Хајек и Милтон Фридман добија нобелови награди во 1974 и 1976 година, меѓудругото и поради аргументираното побивање на Кејнз, ама тие се денес речиси анонимни за нашата интелектуална јавност, додека нивните дела се најчесто прераскажани во неколку редови, и тоа во негативен контекст.

hayek__15
Friedrich Hayek

На пример, Фридман вели дека само кризата може да послужи како катарза, низ која ќе преживеат пазарно способните капацитети, кои понатаму ќе служат како пример за сите нови кои ќе се појават. Хајек, а поготово неговиот ментор Лудвиг фон Мизес, во нивната расправа за Бизнис Циклусите, докажуваат дека секогаш кога задолжувањето ќе го достигне својот плафон, следува циклус на раздолжување, на намалена потрошувачка, при што страдаат сите работни места кои зависеле од државното задолжување.. преживуваат оние кои се зависни од пазарот.

По раздолжувањето, државата е спремна да влезе во нов циклус на задолжување, кое по извесен период завршува на ист начин. И се така циклус по циклус. Заклучокот за секој разумен човек е јасен: доколку не сакате рецесија, доколку не сакате криза,немојте да глумите економски раст со позајмени пари кои ги трошат партиските кадри, не влегувајте во неодржлив бизнис циклус.

Бизнис циклусите, пренесени на микро ниво, значи дека доходот прво треба да се создаде, па потоа да се троши. Профитот е централен интерес кој го зголемува богатството, додека загубата го намалува. На прво место е штедењето, потоа доаѓаат инвестициите, па успехот на пазарот кој носи профит, за на крајот да дојде потрошувачката. Така изгледа одржливиот економски раст, и тој не се мери единствено според потрошувачката, туку и според заштедите, кои од една страна обезбедуваат сигурна идина за штедачите, а од друга преtставуваат извор за нови инвестиции.

Потрошувачката и заштедите заедно, го даваат износнот наречен PPF(Production Possibility Frontier- границите на продуктивните можности) кои понатаму го детерминираат одржливиот раст на пазарно способните, новите проекти кои се одржливи на пазарот, и како што рековме иднината на штедачите.

Но наместо во Бизнис Циклусите, македонските економисти речиси религиозно веруваат во кејнзовата „Макроекономија“ и нејзиниот индикатор БДП, кој почива единствено врз потрошувачката, и според кој штедењето е зло кое го намалува БДП(Аба Лернер, најекстремниот заговорник на Кејнз, го вели буквално тоа). Макроекономијата на Кејнз нема своја логика на микро ниво (ако воопшто ја има) и тоа е факт кој го признаваат дури и најголемите кејнзови фанатици, самонаречените „Кејнзијанци“.

Според нив, сосема е возможно да се создаде прво потрошувачката, па дури потоа да порасне производството. Луѓето ќе трошеле повеќе, па ќе ги стимулирале и бизнисите да произведат повеќе, и во таа насока е оправдано дури и задолжувањето на државата со што се стимулирала „Агрегатната Потрошувачка“. И повторно се одбегнува одговорот на едноставното прашање: Ако е ова точно, тогаш зошто долгот расте побрзо од БДП? И повторно ви велам, ќе се изнаслушате апсурди доколку дискусијата за „Агрегатна Потрошувачка“ ја прекинете со ова прашање.

Иако може да се постави и едно друго, исто така непријатно прашање: Еве прашајте било кој дипломиран економист во Македонија кој го познавате, поготово доколку познавате некој по нашите универзитети, било кој професор, асистент, демонстратор… Што е тоа PPF? Побарајте да ви го објасни. Наместо одговор, ќе добиете издолжена фаца, на која во очите и се читаат прашалници.

Тоа не е нешто што се учи по државните универзитети, ниту пак може да се изгугла набрзина и да се добие барем груб одговор. Тоа е наука која е отсутна од државните универзитети, тоа е пракса со која се соочува секој бизнисмен кој не зависи од државните тендери, кој не присвоил имот во прватизацијата…и кој имал одважност да „студира“ класична (вистинска) економија на своја рака. Таквите се анонимни, безгласни, и запрепастувачки ретки (во Македонија се бројат на прсти).

Но да ја оставиме таа дебата, и да претпоставиме како би изгледале Бизнис Циклусите применети во Македонија, како би изгледала Фридмановата констатација дека само кризата е катарза која раѓа пазарно исплатливи проекти и поединци, како би изгледале Мизес-Хајековите заклучоци со кои се одбегнува нелогичното задолжување, а се добива економија која го зголемува богатството?

Македонија под итно треба да отпушти околу 100.000 луѓе од јавната аднинистрација, да ги укине сите видови на субвенции, и да ги укине поголемиот дел од бизнис регулативите. Со парите на отпуштената администрација, и со оние наменети за субвенционирање, треба да се финансираат пензиите и државното здравство, со што фирмите ќе бидат ослободени од придонеси, а не оптоварени со нови, како што планира новата влада.

Ослободените средства ќе бидат доволни за рамниот данок да се симне дополнително на 7%, а не да се зголемува. Доколку се намалат и платите на останатата државна администрација за 10%, би можел да се укине и данокот на имот, данокот на штедни влогови, би можеле да се намалат и акцизите на нафтените деривати, да се укине т.н „фирмарина“.

Замислете го само растот на приватниот сектор растеретен од СИТЕ придонеси и со намалени даноци, без скапи дозволи и комплицирани одобренија. Тоа ќе биде силен стимул за збогатување на претприемачите, за набавка на нови технологии, за отворање на нови работни места. И сето тоа без задолжување дома или во странство, и со решен проблем во однос на пензиите за чија финансиска дупка денес нема издржано решение. (продолжува на страна 2) 

error: Content is protected !!