Кејнз, бизнис циклусите и македонскиот револт против реалноста

Точно е дека за 100.000 претежно млади луѓе ќе настапи тежок период, во кој ќе мора да се вклопат во приватниот сектор. Тоа е таа криза во вид на катарза за која зборува Фридман, тоа е тоа прешалтување од државниот во приватниот сектор кој создава богатство, наместо денешната ситуација во која државата е најголем работодавец кој богатството го троши.

milton-friedman__15
Milton Friedman

Нашата Влада го одбра спротивниот правец. Па наместо 100.000 непродуктивни работници, ќе настрадаат 2 милиони несреќни луѓе чија судбина е во нивните раце. Наместо дупките во буџетот да исчезнат со отпуштање на администрација и укинување на субвенции, тие ќе се пополнуваат со нови даноци и долгови кои ќе ни го поскапат животот, кои ќе ги дестимулираат претприемачите, ќе ги зголемат амбициите на младите да работат во државната администрација, чии плати зависат од државните долгови (од Агрегатната Потрошувачка, да се изразам кејнзијански)…и се така додека не заврши постојниов циклус, додека и последниот кредитор не дигне раце од нас, додека претприемачите не дигнат „Бело Знаме“ пред даночниот гестапо.

Со Кејнз во глава, и со БДП како единствен индикатор во главата, наместо фридманова катарза, ќе добиеме монетарно ресетирање со кое ќе продолжиме во ист правец…ама со понизок животен стандард. И сето тоа ќе трае во недоглед.

Нормално, во таа темница ќе се појават многу јавни мудреци и „види што ми текна“ експерти, кои ќе нудат и проповедаат секакви „спасенија“ и разно-разни месијански политики, кои нема да имаат секогаш врска, ниту со актуелните проблеми, ниту пак секогаш ќе бидат поврзани со нашиотживотен стандард. Вистината дека треба да се заработи, па потоа да се троши, ќе остане непријатен и реалтивно непознат лек, за која ретко кој воопшто зборува.

Виктор Трифуновски

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!