Владата Нова година ќе ви ја честита со зголемување на акцизата за дизел
Владата новогодишните празници, односно првиот ден од новата година ќе им го честита на своите граѓани и компании со зголемување на акцизата за 3 денари!
Во предлог буџетот за 2018-та година кој го изработи Министерството за финансии се предвидува зголемување на акцизата за нафта за 3 денари од 1 јануари 2018 година. По тој основ се очекува зголемување на приходите во буџетот за 1,6 милијарди денари кај акцизата и 350 милиони денари кај ДДВ-то. Или околу 30 милиони евра државата ќе им извади од џебот на компаниите и луѓево во Македонија!
Со зголемување на акцизата малопродажната цена на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари.
Има голема веројатност да поскапат и производите во продавниците, а за очекување е и превозниците да почнат да размислуваат за зголемување на цените за превоз.