Како не успеав 1000 пати за да направам бум еднаш

Училиштето не не’ учи на она што е најважно. Програмата е замислена така да се пренесува знаење, но не и како да се размислува “out of the box”, како да се справуваме со тешките животни ситуации или пак како да водиме бизнис и да се заштедат пари. Ние воглавно сме учени да меморираме информација.

Од сопствено искуство, сите мора да научиме дека во одреден момент никој не се грижи многу за нашиот потенцијал. Имам аплицирано на многу места и она што научив е дека кога компанија бира кандидати од мноштво пријавени кои имаат исти или слични степени на образование, ќе бидат избрани оние кои можат да го направат она што се бара од нив.

Пример: Кандидатот А има 95% потенцијал, но може да заврши само 15% од работата во моментот – има потреба од тренинг. Кандидатот Б има 64% потенцијал, но може да заврши 85% од работата – тој е спремен да започне. Во најголем дел на случаи, кандидатот Б е оној кој ја добива работата.

Мое искуство

Би требало да прави да се чувствувам сигурна во себе фактот што студирам на еден од најатрактивните факултети кај нас – ФИНКИ. Како и да е, низ годините, на своја кожа осетив дека за работните позиции за кои сакав да аплицирам имав недостаток на искуство. Во голем дел од интервјуата што ги имав секогаш се трудев да им дадам до знаење на надредените дека и покрај дупките во знаење кои ги имам, брзо учам. Токму затоа тоа не го гледав ко голем проблем, но тие го гледаа…

НО..овие искуства ме натераа да размислувам поинаку и да се испраксирам како да ги свртам работите во своја корист. Поминав неколку обуки, се обидов на неколку места и се исфилтрирав што сакам да работам (дигитален маркетинг). Ги игнорирав положените испити кои велат дека потенцијално сум добра во нешто и почнав да инвестирам во себе. Почнав да пишувам и почнав да заработувам како фриленс маркетер и блогер.

Накусо, она што сакам да го кажам е…инвестирајте во себе. Откријте во што сте добри и почнете да работите на тоа континуирано. Еден ден ќе ви успее. Денес, после толку пропаднати средби и интервјуа, можам да се пофалам дека во рок од еден ден успеав да добијам преку 10 понуди за работа. Повеќе за тоа искуство може да прочитате тука (https://goo.gl/2m5rSH)

Емилија Ѓорѓевска

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!