Најголемата соларна фарма во Британија ќе биде изградена без помош на државни субвенции
Cleve Hill ќе стане најголемата соларна фарма во Велика Британија кога ќе биде изградена во 2020 година. Со капацитет од 350 MW , таа ќе може да произведе пет пат повеќе повеќе струја од моментално водечката електрана од таков тип во оваа држава. А сето ова може да се случи без помош од владата.
Владините субвенции за чиста енергија беа дарежливи. Поголемата побарувачка за соларна енергија значи дека има повеќе пари за истражување и развој на евтините соларни панели. Позитивната повратна спрега доведе до неверојатен раст на соларната енергија низ целиот свет.
Но како соларната енергија станува се поевтина, веројатно ќе се намали помошта од државата. На пример, Велика Британија ги намали субвенциите за чиста енергија во 2016 година. Дали брзиот раст на соларната енергија може да продолжи?
Без разлика што Cleve Hill не е многу голем по однос на глобалните стандарди- најголемата кинеска соларна електрана ќе биде речиси 10 пати поголема- таа е нов вид на соларни фарми. Нејзините 365 хектари соларни панели (што му доаѓа еднакво како 400 фудбалски терени) нема да добие никаква помош од владата. Компанијата која го гради, Hive Energy и Wirsol Energy, уверени се дека паѓањето на трошоците за соларни панели ќе го направи овој проект уште поекономичен.
На почетокот на оваа година, Велика Британија ја отвори првата субвенционирана соларна фарма во близина на Flitwick која произведува 10MW енергија, но тоа беше продолжение на веќе постоечката соларна фарма, која беше изградена со помош на субвенции. Фармата Cleve Hill ќе биде прва соларна фарма потполно без субвенции во Велика Британија.