Владата го усвои предлог законот со кој ќе се зголеми акцизата на дизелот

„Владата го разгледа и го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на гасно масло (дизел гориво) кое се користи како погонско гориво и на гасното масло што се користи како гориво за греење, за 3 денари“, соопштија од Владата на РМ.

Сега останува уште да се изгласа законот во собрание и официјално од 1 Јануари 2018 година да плаќаме поскапо гориво при што државата од зголемувањето на акцизата се очекува да земе 30 милиони евра годишно од џебот на граѓаните и компаниите, а најверојатно ќе дојде и до поскапување на храната и транспортните услуги.

error: Content is protected !!