Главна причина зошто најдобрите студенти не се претприемачи!
Седам во публика на настанот “Знам дека можеме” и ги слушам говорниците и почнувам искрено да им се восхитувам за тоа што го имаат направено – во нивните стартапи како и нивните поединечни приказни и нивната големина и влијание, пишува Милина која ни доаѓа од нашето блиско соседство.
Низ мојата глава ми проаѓаат мисли од типот “Овие луѓе доаѓаат од IT. За овие луѓе немам слушнато додека студирав, а реално познавав многу различни луѓе. Тие не беа во круговите на луѓе низ кои се движев. Тие не припаѓаа во групата од топ студенти и не припаѓаа ниту во групата на студентски политичари”. Со тие мој последни мисли и приказните кој ги слушнав таа вечер но и со текстовите кој ги имав прочитано од порано, коцките почнуваа да ми се поклопуваат.
Целата приказна со стартапите и претприемништвото е базирана на создавање вредност. Фокусот на претприемачот е создавање вредност. Не е важно какви се колку знаат, туку што имаат создадено. А каде е фокусот на најдобрите ученици и студенти? Да знаат што повеќе и да задоволуваат одредени критериуми (кој ги цени образовниот систем). На нив фокусот е нивната сопствена вредност. Тука е целата филозофија.
Фокусот на претприемачот е создавање вредност. Фокусот на најдобрите студенти/ученици е на подигнување на сопствените вредности во однос на КРИТЕРИУМИТЕ НА СИСТЕМОТ.
[yop_poll id=”4″]