Како да ги задржите најдобрите вработени во вашата компанија?

Сепак пред се, тренирајте ги вработените да бидат ангажирани, бидете пример. За некои ангажманот е нормална работа, се наметнуваат и сакаат да бидат во прв план, но кај другите луѓе таа особина не постои и често ќе останат во сенка, дури и кога треба сами да се издвојат и да нагласат дека направиле некоја добра работа. Не, таквите ќе чекаат некој друг да ги препознае нивните успеси и да ги пофали, а ако тоа не се случи следи разочарување кое влијае на извршувањето на работите. Семинарите на кои се тренираат вработените на вистински начин да покажат ангажман и да не се двоумат да се истакнат, се многу важни и го побудуваат таквиот начин на однесување кај затворените луѓе, а го ублажуваат таквиот вид однесување кај отворените луѓе…

Но на крајот, бидете искрени и обратете внимание како се чувствуваат, сослушајте го нивното мислење како би ја подобриле работната атмосфера и резултатите воопшто, пофалете ги кога ќе заслужат… И немојте да чекате тие први пред вас да дојдат бидејќи се свесни дека мораат да добијат покачување. Ако ги терате на тоа, во старт сте погрешиле и сте создале ситуација незгодна за двете страни. Тие што ви се најдобри таа непријатност ќе ја избегнат со барање нова работа, која во старт ќе нуди подобри услови, од тие кои сте можеле вие да ги понудите без проблем, за да не ги загубите.

error: Content is protected !!