Белорусија ја гради првата нуклеарна централа и тоа на границата со ЕУ

Белорусија ја гради својата прва нуклеарна централа која ја конструира и финансира Русија, додека соседна Литванија посматра немоќно било што да направи.

На северозападот на Белорусија, 15 километри од литванската граница, изградбата на централата во Островец е во завршна фаза, два реактора со сила од 1200 мегавати, секој од нив ќе бидат пуштени во погон во 2019 и 2020 година.

Проектот кој владата го има одобрено во 2008 година, а е доверен на руската нуклеарна групација Rosatom, е вреден 11 милијарди долари, од што 10 милијарди се финансираат со руски заем.

Белорускиот социолог Елена Мартишченкова која од 2005 година го испитува јавното мислење по тоа прашање, кажува дека околу половина од белоруското население денес дава поддршка за развој на нуклеарната енергија, а таа подршка во округот на Островец се искачува и на 65%.

Но тој оптимизам не го делат на другата страна од литванската граница. Вилнус го критикува проектот тврдејќи дека го повредува меѓународното барање за нуклеарна и еколошка сигурност, затоа што е на 20 километри од границата со ЕУ, а само 40 килиометри од Литванскиот главен град, што рускиот конструктор го негира.

Планот за изградба на централата е најавен во 2011, и овозможи Владимир Путин да го прошири влијанието на подрачјето на поранешниот СССР, давајќи му помош на белорускиот претседател Александар Лукашено кој после прогонот на опозицијата се најде во тешка економска криза поради западните санкции.

После неодамнешното укинување на европските санкции- благодарение на ослободувањето на опозициски водечки луќе – Минск се најде во поповолни околности, а проектот го опишуваат  како начин за намалување на својата зависност од рускиот гас кои се користи за производство на електрична енергија.

Москва испораката на нафта и гас повеќе пати ги користила како би влијаела на работите во Белорусија и на другите соседни држави.

Новата централа ќе задоволи повеќе од една четвртина од белоруската потреба за енергија и ќе овозможи за една четвртина да се намали рускиот увоз на гас како и цената на електричната енергија.

error: Content is protected !!