Турската компанија „Мурат Тиџарет“ ќе инвестира во Бунарџик

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Ејуп Ѓулсој, менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од над 6.000 квадратни метри и да се вработат околу 300 лица. Компанијата ќе произведува произведува кабли за автомобили и бела техника, во периодот од 10 години компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупното производство би се простирало на речиси 18.000 квадратни метри.

Компанијата „Мурат Тиџарет“ во земјата ќе функционира со името Murat Wiring Systems, која во согласност со договорот во наредните 50 години ќе добие на користење земјиште со површина од 32 илјади квадратни метри по цена на користење од 0,1 евра за квадратен метар годишно. Првата фаза на инвестицијата ќе започне во февруари 2018 година, а се очекува производствениот погон да започне со работа во декември в година.

error: Content is protected !!