Започна продажбата на Renault Clio произведено во Словенија
Renault и неговата фабрика Revoz во Ново Место, Република Словенија, припремија ограничена серија на возилото Clio кое од следната недела ќе се продава само во Словенија.
Оваа година ќе се произведат повеќе од 60 000 возила Clio, како и ограничената серија на Clio “I feel Slovenia. Како што објаснуваат од Revoz, станува збор за целосен словенски производ наменет за словенечкиот пазар, што е симбол на добрата соработка помеѓу Словенија и Renault.
Во фабриката Revoz од Ново Место, која е една од 36 Renault фабрики, оваа 2017 година ќе се произведат повеќе од 190 000 возила, а следната година повеќе од 200 000 возила.
Групацијата Renault Nissan Mitsubishi минатата година произведе 3,2 милиони возила. А во нивната фабрика во Ново Место се произведуваат моделите Twingo, Smart Forfour и електричниот Smart Forfour кои се изработува во соработка со Daimler, а оваа година се придружи и четвртата генерација на Clio.
Renault Clio e најчест автомобил на словенечките улици, на крајот на 2016 година имало повеќе од 77 000 регистрирани возила од тој тип.