Колку милиони евра заработи ФК Вардар за неколку месеци?

Фудбалскиот клуб Вардар, ова лето испиша историја, затоа што стана прв македонски клуб кој учествуваше во групна фаза на едно европско клубско натпреварување во фудбал. После елиминацијата на шведски Малме, и несреќната елиминација од дански Копенхаген, преку плеј оф натпреварите со турскиот гигант Фенербахче кој Вардар успеа да го елиминира и да направи сензација, Вардар се квалификуваше во Лига Европа, второто по квалитет фудбалско натпреварување после Лигата на шампиони.

Вардар во Лига Европа играше прилично лошо особено првите натпревари, но последните натпревари играше се подобро и на последниот наптревар со Розенборг, Вардар освои бод а со оглед на шансите заслужуваше победа, но и тој еден бод му донесе 120 000 евра.

Вардар со одличните игри од јули до декември ќе добие дури 3.720.000 евра од УЕФА. Тука не се сметаат ТВ-правата, продажбата на влезници и останати бонуси. Значи, цифрата која треба да ја добие Вардар од УЕФА , треба да изнесува повеќе од 4.000.000 евра. Несомнено цифрите говорат дека во фудбалот за само шест успешни месеци, можеш да заработиш голема сума на пари, за македонски прилики.

На Вардар останува парите што ги заработи да ги реинвестира и да поработи на прашањето на маркетинг кое се покажа многу лошо, од високите цени за картите во Лига Европа па се до делење гратиси да се попунат централните места на трибините. Со огледа дека во Вардар на раководни позиции се наоѓаат луѓе кои беа дел од златната генерација на Вардар во 1987 година, како Дарко Панчев, Чедомир Јаневски, Слободан Најдовски и други легенди. Луѓе што знаат и што разбираат фудбал. Вардар има светла иднина, под услов да не им се меша никој во нивната работа. А политиката да ги тргне настрана рацете од ФК Вардар.

error: Content is protected !!