За само 3 години јавниот долг ќе се зголеми за 1,8 милијарди евра

Дали Македонија оди кон фискалната консолидација или кон банкрот?

Власта планира зголемување на јавниот долг за 1,8 милијарди евра во наредните три години. Според фискалната стратегија за периодот 2018-2020 година, јавниот долг за три години треба да достигне 6,5 милијарди евра, односно да надмине 53 % од БДП. Опозицијата обвинува за расипништво, власта вели дека фискалната консолидација е почната, но таа се одвива постапно.

Јавниот долг на крајот на септември годинава беше 4,7 милијарди евра, односно 45,8 % од БДП.

Проекција за јавниот долг 2018-2020. Извор: Министерство за финансии

Од друга страна пак, ММФ сугерира што е можно побрза фискална консолидација. Тие препорачуваат поефикасно собирање ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот.

Во наредните три години Македонија треба да врати над 1,7 милијарди евра за долгови и за камати. Наредната година за враќање доспеваат 510 милиони евра, во 2019 скоро 420 милиони, а во 2020 година треба да се вратат 810 милиони евра стари долгови. Во овие три години само за камати треба да се платат над 530 милиони евра.

error: Content is protected !!