Косово ќе добие 1 милијарда евра инвестиција во енергетиката!

Во Приштина е потпишан договор вреден милијарда евра за изградба на термоелектраната “Ново Косово” во Обилич во близина на Приштина и околу 80 километри воздушна линија од Скопје.

Договорот е потпишан од премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и извршниот директор на американската компанија “Kontur Global” Џозеф Брајан во присуство на претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на парламентот Кадри Весели.

Изградбата на термоелектраната, во кругот на постоечките две во Обилич, ќе започне во 2018 година, а би требало да бидат во функција од 2023 година.

Ќе има еден блок со сила од 500 мегавати, а ќе овозможи централно греење на Приштина, Обилич, Глоговац и Косовско Поле.

Тачи изјави дека тоа е најголемата инвестиција на Косово во последните 18 години и дека е потпишан историски договор кој е добра порака за Косово во светот.

“Овој договор ќе обезбеди отварање на 10 000 нови работи места и ќе реши еден осетлив проблем, но истовремено праќаме порака на светот дека сме земја со потенцијал” изјави Тачи.

error: Content is protected !!