Само 0,5% раст на индустриското производство од почетокот на годинава до сега

Индустриското производство од јануари до ноември годинава бележи раст од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Индустриското производство во ноември годинава во однос на ноември лани бележи раст од 4,1 отсто.

Индустриското производство од јануари до ноември оваа година споредено со лани има пад во Рударството за 2,1% како и во преработувачката инудстрија за 0,1%.

Преработувачка индустрија  во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година бележи пораст од 5,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,9 %.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,5 %, Капитални производи за 25,4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 55,6 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 %.

error: Content is protected !!