Се топат државните резерви
Се топат девизните резерви кои на крајот на ноември минатата година се позиционираа на 2 273 650 000 евра или 27,3 милиони евра помалку во однос на октомври, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).
Најголем дел од девизните резерви зафаќаат хартиите од вредност, чие салдо заклучно со 30.11.2017 година беше 1 809 410 000 евра што е за 8,1 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец. Во ноември претходната година, хартиите од вредност беа на ниво од 2 147 750 000 евра.
Вкупните валути и депозити во ноември достигнаа 220 160 000 евра, односно зголемување од 32,3 милиони евра, во однос на претходниот месец. Заклучно со ноември 2016 година, валутите и депозитите беа на ниво од 150 540 000 евра.
Намалување од 2,9 милиони евра има кај монетарното злато, што во претпоследниот месец од минатата година изнесуваше 239 930 000 евра, додека на 31.10.2016 година имаше вредност од 242 900 000 евра.