Ќе се субвенционира поставувањето фотонапонски панели за граѓаните да продаваат струја?

Министерството за економија  потврди дека по донесувањето на Законот за енергетиката и подзаконските акти, ќе се разгледува можноста за субвенционирање на поставувањето фотонапонски панели за граѓаните и домаќинствата.

Оттаму потврдија дека начинот за приклучување, користење и пристап на електродистрибутивниот систем од корисниците што произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија ќе бидат уредени со мрежните правила за дистибуција. Тие правила, според објаснувањето од Министерството, ќе треба да се донесат во рок од една година од денот на стапувањето во сила на Законот за енергетиката.

„Со ова им се дава можност на граѓаните да инсталираат соодвени панели во своите домаќинства и да произведуваат електрична енергија за свои потреби, со што се придонесува за унапредување на енергетската ефиксност и искористувањето на обвновливите извори на енергија во домаќинствата, со оглед на тоа што сè уште во голем дел од домаќинствата во РМ електричната енергија се користи за затоплување. Најголемата корист од оваа мерка е за потрошувачите бидејќи со инсталирањето во домаќинствата се намалуваат трошоците на домаќинството за електрична енергија“, велат од Министерството за Економија.

error: Content is protected !!