Во Србија влегле 30 пати повеќе странски инвестиции отколку во Македонија!

Министерот за економија, на Србија господинот Горан Кнежевиќ изјави дека “подобрената бизнис клима во Србија донела странски директни инвестиции во вредност од 2,6 милијарди евра во 2017 година. Кнежевиќ оцени дека деловното опкружување во Србија не е на идеално ниво, но дека се движи во вистинска насока. “

Од друга страна без разлика што Македонија е четири пати помала по број на жители. Кога ќе се видат економските бројки  односно странските директни инвестиции Србија за Македонија изгледа како економски тигар!

Во првите 9 месеци од 2017 година, во Македонија влегле скромни 45 милиони евра, странски директни инвестиции, Но тоа што загрижува е дека во третиот квартал НБРМ регистрираше одлив (повеќе одлив отколку прилив ) на странски инвестиции за околу 50 милиони евра после подолго време.

Уште не се објавени странските директни инвестиции за цела 2017 година туку само за првите 9 месеци, но со оглед дека странските инвестиции влегле во минус уште во третиот квартал, а вкупните странски дирентни инвестиции за првите девет месеци се само 45 милиони евра, добро упатени извори велат дека четвртиот квартал нема да се разликува многу од првите три квартали. И дека вкупните странските инвестиции за 2017 година нема да надминат повеќе од 70-80 милиони евра!

error: Content is protected !!