Ограбена е Стопанска банка
Утринава под закана од пиштол ограбена е филијала на Стопанска банка во скопски Хиподром.
Утрово во 08:50 часот е пријавено дека на улица Благоја Стевковски, филијала на Стопанска банка е ограбена од едно непознато маскирано лице кое било вооружано со пиштол и одзело 100.000 денари и 1.500 евра, а потоа го напуштило местото и се упатило во непознат правец, велат од МВР.
Увидот на настанот сеуште е во тек.