Македонците во кладилница трошат 200 милиони евра годишно!

Управата за јавни приходи објави дека лани, во кладилниците во Македонија се уплатени скоро 200 милиони евра. Или во просек секој Македонец годишно во кладилница остава по 100 евра.  Дневно, во Македонија се уплаќаат по нешто помалку од 550.000 евра, а просекот вели дека секој Македонец дневно троши по 17 денари во кладилница.

Лани од кладилниците се извадени 156 милиони евра(исплатени добивки), што значи дека за обложувалниците останале околу 45 милиони евра.

Замислете овие 200 милиони евра годишно или 1 милијарда евра за пет години ако беа потрошени за личен раст и развој место во кладилница каков импакт би имало и за економијата и за луѓето.

error: Content is protected !!