Саген ќе инвестира во Бунарџик 20 милиони евра

Фармацевтската компанија „Саген“ со седиште во Тирана ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра во капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во кој планира да вработи околу 300 лица.

Како што информира директорот на ТИРЗ Скопје 1 Александар Младеновски на денешната прес-конференција во Владата, инвестицијата ќе биде поделена во три фази, а изведбата на производствениот капацитет ќе започне во јуни годинава.

Сите фази се планирани да завршат во рок од пет години од започнувањето на градежните активности. Со новите економски политики на Владата се создаде поволна атмосфера и реални услови земјава да се позиционира како предвидлива и стабилна бизнис дестинација, рече Младеновски. Тој додаде дека во фаза на реализација се осум нови договори од кои пет се за закуп  на земјиште во ТИРЗ, а три за државна помош.

error: Content is protected !!