Нуриел Рубини предвидува пропаст на криптовалутите

Еден од најпознатите светски економисти, но и пророк на економски кризи и крахови, поради кој го доби надимакот Доктор Пропаст, Нуриел Рубини се пожали дека прима смртни закани, и дека неговата консултанстка куќа е хакирана поради неговите негативни ставови спрема криптовалутите.

“И хакирањето е тероризам” напиша Рубини на Твитер.

Ekonomist пишува дека тој и неговата консултантска куќа Roubini Global Economics, станале цел на напади уште од 2015 година, кога прв пат го критикувал bitcoin. Рубини наведува дека поради своите ставови добил смртни закони и додава дека тоа не го изненадило. Но, заканите не го спречиле и понатаму да го критикува bitcoin и останатите криптовалути. Во повеќе наврати истакнувал дека криптовалутите се најголем балон во човечката историја.

Рубини, кој ја предвиде економската криза во 2008 година, е скептичен спрема bitcoin и предупредува дека на тој концепт настојуваат да се збогатат тие кои фиктивно ја подигаат неговата цена.

“Шпекулантите ги купуваат и продаваат сопствените инвестиции за да манипулират со пазарот” тврди Рубини.

Според неговата проценка многу од нив до самиот крај ќе се држат до Bitcoin-от, а тој крај е пад на целосна нула, бидејќи како што кажува Рубини, толку е нивната вистинска вредност на оваа криптовалута.

Времето ќе покаже дали е во право или грешел Доктор Пропаст кога се во прашање криптовалутите.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!