Колку слободни работни места има во четвртиот квартал во 2017 година?

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртиот квартал од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.33%, односно 6.534 слободни работни места а бројот на пополнети работни места бил 485.665.

Најмногу слободни работни места има во Преработувачката индустрија дури 2470 работни места, после во трговијата на големо и мало и поправка на возила каде што има 1090 слободни работни места.

Пелагонискиот регион имал најмногу слободни работни од 2,35 проценти во однос на бројот на пополнети работни места односно 1157, а најниска во североисточниот регион 0,67 проценти или 148 слободни работни места, скопскиот регион имало 3.332 слободни работни места при што стапката на слободни работни места изнесувала 1,28 проценти.

Најголем број слободни работни места по однос на занимање од 2.432 работници има во групата работници во услужни дејности и продажба, второ занимање по бројност на слободни работни места е ракувачи и составувачи на машини и постројки од 975 слободни работни места, трето занимање по бројот на слободни работни места е техничари и сродни занимања со 906 слободни места.

error: Content is protected !!