Извозот на софтверски услуги во Србија достигна 900 милиони евра!

Народната банка на Република Србија, ги објави податоците за платниот биланс за 2017 година, каде може да се види дека извозот на софтверски услуги минатата година достигна 899 милиони евра. Во однос на 2016 година кога извозот изнесувал 740 милиони евра, и е остварен раст од 21%.

Секторот информатичко-комуникациски технологии во 2017 година имал 426 милиони евра плус во трговското салдо, што е за 4,7% повеќе во однос на 2016 година.

На кое ниво се наоѓа извозот на софтверски услуги во споредба со извозот на други услуги и производи најдобро покажува податокот дека само извозот на електрични машини и апарати (1,3 милијарди  евра) и друмски возила (1,25 милијарди евра) е поголем од извозот на IT услуги. Извозот на овошје и зеленчук, минатата година изнесувал 783 милиони евра. Но сите три сектори имаат полошо трговско салдо во однос на IT секторот.

IT секторот бележи непрекинат раст во Србија уште од 2007 година, а ова е веќе втора година по ред, во која се остварува раст од 21%.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!