Сава Ре купи 100% од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје извршија продажба на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, соопшти НЛБ Банка преку Македонската берза.

„Денес, 13-ти март 2018 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје согласно договорот со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје кој беше склучен на 12-ти декември 2017 година, извршија продажба на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана„, соопшти банката.

НЛБ д.д. Љубљана, поседуваше 51 отсто од акциите додека НЛБ Банка АД Скопје поседуваше 49 отсто акции во НЛБ Нов пензиски фонд.

Во декември 2017 година, НЛБ д.д. Љубљана и НЛБ Банка АД Скопје склучија договор со реосигурителната компанија Сава Ре д.д. Љубљана, за продажба на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

„Согласно Договорот, инвеститорот Сава Ре д.д. Љубљана во предвидениот рок обезбеди согласност од регулаторот МАПАС за пренос на 100 отсто од акциите издадени од Акционерското друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови НЛБ Нов пензиски фонд на Сава Ре д.д. Љубљана, како и дозвола од Комисијата за заштита на конкуренцијата, со што се исполнија сите услови за продажба на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.

Продажбата на 100 отсто од акциите на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје се изврши преку Македонската берза за хартии од вредност по цена од 921 евра по акција, во денарска противвредност“, соопшти компанијата.

Станува збор за 21.200 акции на Нов пензиски фонд, за кој Сава ре плати вкупна сума од околу 19,5 милиони евра или околу 1,2 милијарди денари.

error: Content is protected !!