Никола Саркози e во притвор!

Поранешниот претседател на Франција господинот Никола Саркози според извори од Министерството за правда тврдат дека полицијата го испрашува во врска со наводни неправилности во финансирањето на неговата изборна кампања. Никола Саркози од таа причина е задржан во полициски притвор, изјави денеска претставник на правосудството. Агенцијата АФП јавува дека истрагата ја води службата за борба против корупција.

Весникот „Ле Монд“ тврди дека станува збор за истрага поврзана со изборната кампања во 2007. година, кога таборот на Саркози примил пари од извори од Либија.

Обвинувањата за финансирање од либиски извори не се нови, тие датираат веќе со години.

Еден бизнисмен во интервју за информативниот портал „Медиапарт“ изјави дека на крајот на 2006 или почетокот на 2007. година пренесол повеќе куфери со вкупно пет милиони евра, испратени од либискиот режим на Моамер ал-Гадафи, во француското Министерство за внатрешни работи. додека  Никола Саркози во тоа време беше министер за внатрешни работи.

error: Content is protected !!