Mark Zuckerberg ја спомна Македонија во негативен контекст
Во неговото прво интервју и појавување во јавноста откако деновиве изби скандалот со Cambridge Analytica каде се злоупотребени, повеќе од 50 милиони кориснички профили, Mark Zuckerberg ја спомна Македонија во негативен контекст.
“Во 2017 година креиравме алатки со кои детектиравме лажни профили и акаунти што генерираат лажни вести. Голем број такви акаунти откривме дека доаѓаат од Македонија” изјави Mark Zuckerberg за CNN
Делот каде што ја спомнува Македонија е 7 минута и 30 секунди. Целото интервју трае 15 минути.