Тевдовски сака да воведе даночна стапка од 18% за приходи од над 1000 евра

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека планот на Владата е даночната стапка кај персоналецот да остане иста од 10 %, а со 18% да се оданочуваат оние кои имаат нето приходи над 1000 евра.

“Тоа е границата која треба да биде поставена за дополнитена стапка. Таа стапка сигурно нема да удри по средната класа. Луѓето кои имаат доход повисок од овој се приходи кој во голем дел не се од труд, туку од капитал” рече Тевдовски додавајќи дека станува збор за став на Министерството за финансии и дека како драфт верзија наскоро ќе биде објавено за јавноста да го каже своето мислење.

Дали министерот сфаќа дека со ова повисок данок ќе плаќаат професионалците кои земаат плати помеѓу 1000-2500 евра како хирурзи, врвни информатичари, квалитетни инженери итн. Дека на Запад оваа група луѓе со толкави приходи се само обична средна класа а Македонија ќе ги третира како богати?

Која компанија ќе сака да инвестира во држава каде што ако отворат компанија која ќе произведува производи и услуги со повисока додадена вредност за плати над 1000 евра ќе треба да плаќаат персонален данок од 18%?

Зар нема да да биде попаметно првин да си го наплатат данокот во местата во Македонија каде што има голема даночна евазија и каде што добар дел од фискалните каси им стојат за украс?

Зар не би било добро првин да намалат со трошењата по кафани и патни трошоци и други трошоци кои ги прават државните службеници? И да ја намалат државната администрација како што викаа кога беа опозиција дека е превработена? Со ова само ќе се стимулира даночната евазија и сивата економија.

Тевдовски кажа дека во план е “праведното” оданочување да стартува од 2019 година, но претходно ќе се спроведе сеопфатна анализа и јавна дебата за да се слушнат мислењата на јавноста.

error: Content is protected !!