Еве колку вработени има јавниот сектор во Македонија
Со вкрстени податоци од неколку министерства и институции се дошло до бројката од 139.000 вработени во јавниот сектор, вклучувајќи ги тука и акционерските друштва и вработените преку агенциите за привремени вработувања, објави министерот за информатичко општество и администрација, Манчевски.
Од вкупната бројка луѓе кои добиваат плата од буџетот, 60 отсто се вработени на локално ниво, а 40 на централно. Од нив, 54 насто се жени, а 46 отсто мажи.
Според етничката припадност 75, проценти се Македонци, 19 отсто Албанци. Министерот Манчевски посочува дека можеби има превработеност во пониските нивоа на јавниот сектор, но недостасува пак менаџерски кадар. Според образованието, во јавниот сектор има нешто над 42 проценти вработени со високо, додека со средно се вработени 35 проценти.4.861 се магистри, а 2.068 се доктори на науки.
И така во 21 век, каде што веќе во светот се иде на електронска администрација. Македонија има ист број на вработени колку што имала и во СФРЈ. Очигледно македонските власти не сфатиле дека со дигиталзиација нема потреба од толку бирократи да работат, или можеби намерно не се иде кон дигитализација зошто после нема да има каде да се вработуват заслужни партиски кадри.
Искочи еден интересен податок дека Србија, која има 7 милиони популација, има 400.000 државни службеници. А Македонија со 2 милиони жители 139 000 администрација. Што значи дека Македонија има повеќе вработени по глава на жител во државен сектор и од една Србија. Каде превработеноста во државниот сектор е главна тема.
Мора сите да знаат дека колку повеќе вработени има, кои земаат пари од државата толку помалку пари ќе има во џебот на граѓаните и компаниите. Едноставно е.