Данок на шеќер во пијалоците: Нов иновативен начин на полнење на државните буџети

Велика Британија и Ирска најдоа нов начин да им земат повеќе пари на своите граѓани преку воведување на данок на шеќер во пијалоците, официјално зошто се грижат за здравјето на своите граѓани, неофицијално за да можат да ги дополнат нивните буџети на кои им требаат се повеќе пари за да можат и понатака да го оддржат системот кој секоја година им троши се повеќе пари а се вика социјална држава (welfare state).

Имено Велика Британија и Ирска од денеска ќе ги оданочуваат посебно пијалоците со поголемо количество шеќер. На тој начин треба да се помогне во борбата против дијабетес и прекумерната тежина.

Во Велика Британија и Ирска од денеска слатките пијалоци ќе бидат оданочувани повеќе. Државата ќе касира околу 20 центи на 100 милилитри доколку во игра се повеќе од 5 грама шеќер. Доколку количеството на шеќер е уште поголемо, ќе се наплаќа повисок данок.

Организацијата Foodwatch побара од германската влада да воведе слично правило. Министерката за земјоделство Julia Klekner го отфрли таквиот предлог.

И покрај долгогодишната дискусија на оваа тема, во Германија не е на повидок слична давачка како во Велика Британија.

Кога државата воведува дополнителни даноци за некои производи и се става во улога на главен старател на граѓаните под изговор дека се грижи за нивното здравје. Зошто тогаш целосно не ги забранат пијалоците кои содржат шеќер? Одговорот е едноставен ако го направат тоа нема да има од што да земаат данок под изговор се грижиме за вашето здравје.

Нема да не зачуди ако Македонија во блиска иднина го следи примерот на Велика Британија и Ирска, под изговор се грижиме за вашето здравје, или преведено на економски речник ја полниме дупката во буџетот затоа што се грижиме за вашето здравје.

Секој полнолетен граѓанин е 100% одговорен за својот живот и што прави со него односно што јаде што пие итн, на никого не му треба старател над глава особено не старател кој под изговор дека се грижи за вашето здравје го празни вашиот џеб. Зошто тоа било добро за вашето здравје.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

error: Content is protected !!