Studebaker, воено-индустрискиот комплекс на САД и државната потрошувачка

Studebaker е најупотребуваниот лесен камион во Втората Светска Војна, Studebaker US6 e производ на фабриката Стадбејкер од Саут Бенд-Индијана, САД. СССР во истата војна добива околу 100.000 вакви примероци, за што Сталин лично се заблагодарува на конференцијата во Техеран. Врз тој ист камион подоцна е инсталирана познатата Каќуша, мулти-ракетниот фрлач прв од таков вид. На сликата е истиот камион само со различни, американски и советски ознаки.

studerussia2

Стадбејкер е фамилијарен бизнис почнат во мал погон за производство на кочии, некаде на крајот на 18-тиот век. На почетокот на 20-тиот век, сакајки да се носат со модерните текови, фабриката почнува да произведува моторни возила. Нејзините модели се меѓу најпродаваните во 1940-тите и 1950-тите години…па и во почетокот 1960-тите години. Не е тешко да се погоди, најголем потрошувач бил воено-индустрискиот комплекс на САД.

Конечно во виетнамската војна, Пентагон ги напушта производите на Стадбејкер, и се префрла на Џенерал Моторс. Стадбејкер банкротира во 1967 година. Денес нејзиниот бренд е откупен од една помала фабрика за автомбили од Тексас. Стадбејкер, но и судбината на Џенерал Моторс во последнава криза, се јасен доказ како изгледа пазарниот успех, а како државната потрошувачка (па ако сакате и субвенции). И двете компании прежиевеале војни и големи економски кризи, за потоа да бидат заглавени во неинвентивност и комодитет благодарение на државната потрошувачка, и кога таа ги откачува, тие едноставно престануваат со работа.

Економскиот развој го носи претприеништвото, а не државниот буџет како што тврдат ВМРО и СДСМ денес, но за жал и многу нивни истомисленици ворлд-вајд.

*Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

error: Content is protected !!