Економистите стравуваат од негативните ефекти од воведувањето на прогресивен данок

Откако македонските претприемачи и високо образованиот кадар (информатичари, лекари, инженери..) се спротиставија околу воведување на прогресивно одданочување, се повеќе економисти од Македонија го делат нивното мислење.

“Која ќе биде користа од прогресивниот данок, кој се ќе биде опфатен и дали воопшто вреди да биде воведен – се прашања за кои немаме одговор” вели  универзитетскиот професор Томе Неновски.

Toј ќе додаде “Прагот е во прашање, 1000 евра или 80 000 денари, треба да е многу сериозно, не би било згодно да влеземе во ситуација за да се оди под прагот  да влеземе во сива економија. Засега немаме најава само дека ќе има. Мора да се знае колку лица ќе се опфатени – илјада, илјада и двесте ? и што тоа ќе значи”

“Најпрво да видиме кој е богат и што претставува богатство”, вели Борче Треновски.

“Колкави ни се трошоците, а какви ни се примањата. Прогресивниот данок како модел со себе носи ризици од сива економија, даночна евазија, изнесување на парите од државата. Моделот, мора да биде добро осмислен. Добро треба да се образложи. 500 евра е потрошувачката кошница, а ова е дупло. Значи платата од илјада евра не е голема. Со примања над илјада евра се многу малку и се сензитивни, така да можат да ги пренасочуваат своите пари”  изјави Борче Треновски, професор.

Според него рамниот данок кој се воведе во 2006 година. дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија.

error: Content is protected !!