Како Естонија стана најнапредна држава во источна Европа?

Зошто некои држави се богати и просперитетни додека други изгледа дека се осудени на смрт и сиромаштија? Многу фактори имаат своја улога: географски, културни, историски, итн.

Уште од 1776 година и книгата Богатството на народите од Адам Смит, знаеме дека политичките и економските институции играат одлучувачка одлука во тој поглед. Слободна трговија, сигурна правна рамка која ги штити приватната сопственост и ги спроведува договорите и стабилна валута се неопходни услови за напредок на една држава.

Консолидирањето на институциите за зголемување на растот траеше стотина години во држави како Велика Британија и САД. Но, во последните декади видовме како правилна политика може значително да го забрза економскиот развој.

Естонија е парадигматски пример.

На 20 август 1991 година Естонија ја стекна својата независност после 51 година под нацистичка и комунистичка окупација. Естонија прв пат беше окупирана од Црвената армија во јуни 1940 година под закрила на германско-советскиот пакт за ненапаѓање, при тоа двете тоталитарни држави ја поделија источна Европа на сопствени сфери на влијание. Година дена подоцна нацистичката војска окупираше дел од Советскиот Сојуз, завземајќи ја Естонија се до 1944 година, кога Советите повторно се вратија. Политичката нестабилнист во Советскиот Сојуз во текот на раните 90-те ја поттикна обновата на демократијата во оваа балтичка држава.

Од првиот ден, новата влада се обврза да превземе реформи насочени кон пазарот кои ги поставија темелите за успешна транзиција од социјализам до капитализам. Политичкиот програм вклучуваше и монетарна реформа, создавање зони за слободна трговија, урамнотежен буџет, приватизација на државните компании и воведување единствена даночна стапка (flat tax).

Еден од архитектите на таа економска програма беше Март Лар, премиер на Естонија во текот на два периоди:1992-1994 година и од 1999-2002 година.

Лаар е конзервативец, но и како многу други конзервативни политичари од втората половина на 20 век, и него го инспирираше економскиот програм што тогаш го нудеше најугледниот светски економист во тоа време, класичниот либерал Милтон Фридман.

Лаар ќе изјави дека неговата економска политика бил инспириран од бестселерот на Фридман “Free to Choose”, што му помогнал да го спроведе својот амбициозен план за реформа на пазарот.

Тие реформи го олеснија патот за неверојатен пораст на животниот стандард која Естонија го доживеа од осамостувањето. Денес Светска банка ја смета за држава со висок доход, членка на ЕУ и Еврозоната. Куповната моќ на естонското население се зголемило за 400% во последните 20 години, и покрај големото влијание на финансиската криза од 2008 година на балтичките економии. Освен тоа, очекуваниот животен век се зголемил од 66 години во 1994 година на 77 години во 2016 година.

Естонија е рангирана помеѓу најдобрите земји во светот во поглед на економските слободи. Државните финансии се здрави, што покажува фактот дека јавниот долг е само 9,5% од БДП (најнизок во ЕУ). Што се однесува пазарот на труд, стапката на невработеност изнесува 5,3%, значително под просекот на ЕУ. Нејзиниот ефикасен и атрактивен даночен систем ( неисплатената добивка не се одданочува) ја одреди Естонија како светски центар за високо технолошки компании, поттикнувајќи ги странските инвестиции и економскиот раст.

Во споредба со другите поранешни советски републики, напредокот на Естонија е уште почудесен. Што се однесува до паритетот по куповна моќ, Естонија е далеку пред држави како Русија и Латвија. Сликата е слична кога се работи и за другите показатели како на пример очекуваниот животен век или стапката на смртност на доенчиња, каде Естонија покажува дека економскиот напредок има влијание на животниот стандард на луѓето.

Естонија е жив пример дека човечкиот напредок е тесно поврзан со економските слободи. Но, постојат и многу други земји кои не така оддамна беа екстремно сиромашни, но ја напуштаат неразвиеноста и го прифаќаат проспертитет благодареие на капитализмот. Познати се рецептите за економски раст и напредок. Единствено што можеме да направиме е ширење на зборот како сите држави би имале шанса да го подобрат својот животен стандард какo што тоа го направи Естонија во изминативе 27 години.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!