Претседателот Иванов го предложи Димитар Богов за уште еден гувернерски мандат

Се потврдија информациите на Macedonian Business Hub од месец Март дека претседателот Ѓорге Иванов сериозно размислува повторно да предложи Димитар Богов за уште еден гувернерски мандат, од текстот Битка помеѓу претседателот и владата кој да биде нов гувернер во НБРМ.

Денеска претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народната Банка. Сега на потег ќе биде Собранието кое треба да го гласа предлогот на Иванов директно на пленарна седница.

Пратениците од власта се уште не се изјасмиле дали ќе гласаат за Богов.  Очекуваат Џафери да ги викне на координација за да се закаже седницата. Отворена е и можноста оваа пролет да не се избере гувернер, туку да се чека нов претседател на државата следната година.

Според деловникот на Собранието, нема рок до кога најдоцна Џафери треба да го стави Богов на глсање, а извори од законодавниот дом велат дека работата не е итна зашто мандат на Богов истекува на 21 мај.

Од кабинетот на Иванов соопштија дека Богов е единствениот предлог затоа што Македонија од 2015 година па наваму е позитивно оценета во извештаите на Европската комисија во делот на монетарната политика и централнобанкарското работење.

„ЕУ позитивно го нотира постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви, одржувањето на фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва.“

Од кабинетот велат дека за својот предлог Иванов во изминатите два месеци се консултирал со Стопанските комори, банкарите и со МАНУ, со цел Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција. Доколку Собранието го изгласа Богов тоа ќе биде негов трет мандат како гувернер. Тој е на оваа позиција од 2011 година.

Но уште од сега постојат сериозни информации дека ДУИ нема да се откажат така лесно од Фатмир Бесими да стане гувернер на Народна Банка.

error: Content is protected !!