Вучиќ: Што и да ви понудат Бугарија и Македонија од нас ќе добиете најмалку 5% подобри услови

Во последно време неколку големи и значајни инвестиции завршија во Србија наместо во Македонија. Премиерот односно сега претседателот Александар Вучиќ неколку пати повторува една мантра што и да ви понудат нашите соседи ние ќе ви дадеме најмалку за 5% подобра понуда. Со оглед каде завршија поголемиот дел од странските инвестиции очигледно е дека оваа тактика дава резултат на Србија а носи штета на Македонија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Истанбул им порача на турските инвеститори дека во Србија ќе добијат за најмалку пет насто подобра понуда од која било друга земја на Балканот или во Југоисточна Европа.

„Донесете ни хартија и кажете: еве ова ни понудија во Бугарија, Романија, Македонија и од нас ќе добиете најмалку пет насто подобри услови“, изјави Вучиќ и дополни дека во рок од 48 часа можат да дојдат до државниот врв кој ќе го решава секој нивни проблем.

Kако советникот за странски инвестиции Љубе Бошковски ќе одговори на оваа српска тактика?

error: Content is protected !!