Бугарија ќе увезува овчари од Виетнам
Во Бугарија и пред влезот во ЕУ имаше големо иселување, пропратено со негативен прираст на население во последните 25 години. Но со влезот во ЕУ процесот на иселување за подобар живот се зголеми. Без разлика дали се работи за високо квалификуван кадар или ниско квалификуван кадар.
Сега Бугарија се соочува со апсурдна ситуација, откако голем број на Бугари се иселија во западните држави каде што добар дел работат некоја аграрна работа. Сега поради недостигот на овчари Бугарија ќе увезува од Виетнам, каде што просечната плата е 150 долари. Така бугарските 700 евра за чување овци изгледаат привлечно за Виетнамците.
“Паради недостиг на работна сила, Бугарија ќе увезува овчари и козари од далечни и егзотични држави, меѓу кои поранешните советски републики и од – Виетнам.”
Ова го соопшти Симеон Караколев, копретседател на Националната асоцијација за овчарство и козарство, пренесуваат бугарски медиуми.
Во Бугарија нема заинттерсирани кои би се занимавале со оваа дејност, иако платите кои се нудат се помеѓу 1.000 – 1.500 лева (500-750 евра) .
Во моментов во Бугарија има дефицит од околу 1.000 овчари, иако сериозно намалениот број на овци, сепак е околу еден милион.
И во Македонија е слична ситуацијата каде што се нудат солидни плати за овчари но исто како во Бугарија многу малку луѓе се заинтересирани за ова работно место.
Дали и Македонија треба да увезува овчари од Виетнам по примерот на Бугарија, за да го реши овој проблем во овчарството?