ЕБОР ќе вложува во изградба на ветерници и соларна централа во Македонија

Македонија изгледа ќе продолжи да гради ветерници  а ќе добие и соларна централа откако, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)  покажа заинтересираност за инвестирање во ветерници во Миравци и соларна централа во Осломеј. Ова го потврди министерот за финансии Тевдовски на годишното собрание на банката во Јордан.

АД ЕЛЕМ веќе работи на подготовка на документацијата за овие капитални проекти, изјавил Тевдовски во Аман.

„Два значајни проекти за кои веќе имаме добиено позитивни сигнали од меѓународните инвестициски институции како ЕБОР и ЕИБ, дека сакаат да учествуваат во нивна реализација, се ветерната електрана Миравци и фотоволтаичната централа Осломеј. Веќе АД ЕЛЕМ работи на придвижување на работите и подготовка на документацијата“, рече Тевдовски.

Тевдовски се обрати на панелот „Зелена инфраструктура“, на кој беа потенцирани придобивките од инвестициите во обновливите извори на енергија и вложувањата во комуналната инфраструктура.

Придобивките се бројни и се однесуваат на економскиот раст, на привлекување приватни инвестиции, за отварање на нови работни места, но и секако за животната средина и за здравјето, рече Тевдовски.

Владата пред некое време најави дека ќе го гради Чебрен и Галиште за 220 милиони евра.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!