Македонскиот извоз на овошје и зеленчук во Русија е преполовен
Во првите три месеци македонските компании оваа година имале извоз во Русија од само 5,4 милиони евра, што е намалување за 40% во споредба со истиот период претходната година.
Од вкупниот извоз во Русија најголем дел или близу половина отпаѓа на извозот на лекови, кој во првите три месеци изнесува 2,3 милиони евра. Околу 1,1 милион евра од извозот во Русија во првиот квартал отпаѓа на извозот на јаболка на рускиот пазар. Во вредност од околу 609 илјади евра во првите три месеци во Русија се продадени и домати.
Извозот, пак, на тутун во првите три месеци изнесува околу 340 илјади евра, додека извозот на зелка само 293 илјади евра.
Дали ова се должи на тоа што некои политичари од македонската влада даваа изјави дека Русија се мешала во внатрешните работи на Македонија или сепак намалувањето на извозот е последица на намалената побарувачка за македонско овошје и зеленчук на рускиот пазар, останува отворено прашање.