Работниците од МГИ утре повторно ќе протестираат поради неисплатените плати
Уште една тажна македонска приказна, се случува во Скопје.
Поранешните вработени од конфекцијата МГИ во скопска Кисела вода се’ уште не ги добиле своите плати за март и за април, поради што утре повторно ќе протестираат.
Здружението „Гласен текстилец“, денеска информира дека протестот ќе започне во 12 часот. Ова е втор собир на вработените, преку кој тие ќе побараат одговор од надлежните кога ќе ги добијат нивните заостанати плати, кои ги зарабтиле работејќи прекувремено.
Повеќе од сто работници од конфекцијата Македонија Гармент Индустри неодамна се соочија со отказ, без ништо да им биде најавено. Тие веќе реагираа дека непосредно пред тоа, на дел од нив им биле потпишувани документи за кредити, кои сега немаат како да ги отплаќаат.
Инаку, оваа конфекција е сопственост на холанѓанецот Марсел Мелес, сопруг на актерката Синоличка Трпкова.