Единство го отвори новиот производен погон во Општина Брвеница

Единство од Челопек денес го отвори новиот производен погон во Општина Брвеница, Тетово, инвестиција вредна 1.5 милиони евра. Истиот е направен по највисоки европски стандарди, а план на раководството на компанијата е објектот да се регистрира и за извоз, соопштија од Стопанската комора на Македонија.

Годинава компанијата прославува двоен јубилеј – 60 години од формирање на задругата и 40 години фармерска традиција. Се работи за една од најголемите компании во овој сектор со 24.000 свињи како објект за производство на сточна храна. Производите на „Единство“ Челопек во најголем дел завршуваат на пазарите во Скопје, Тетово, Битола, Кочани при што, повеќе од 50 отсто преку трговскиот ланец Веро, но и преку малите купувачи.

Во новиот капацитет на „Единство“ Челопек се планира расекување на свежо месо како и мали деликатесни серии преработки од сопствено свежо месо.

Во моментот вработени се 20 лица кои работат на две производни линии, за говедско месо со 40 грла максимум на ден до испорака како свежо разладено месо и за свинско месо со максимум двеста свињи на ден до испорака како свежо разладено месо.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!