Volvo: Кинезите произведуваат поквалитетни автомобили од Европјаните

Кинеските автомобили на западните пазари ги следи глас на евтини, несигурни и неквалитетни возила, но овој тренд наскоро би можел да се промени, веруваат во Volvo. Швеѓаните тврдат, како автомобилите направени во Кина, уште сега се поквалитетни од тие кои се произведени во европските фабрики.

Volvo започна со производство во Кина пред четири години со продолжената изведба на автомобилот S60. Во меѓувреме Швеѓаните комплетното производство на автомобилот S90 го префрлија во кинеските погони на крајот од 2016 година, а таму исто така ќе ги произведуваат и своите електрични возила.

“Ви откриваме дека квалитетот на автомобилите е подобар во Кина отколку во Европа. Сите беа загрижени за квалитетот, но откако започна производството, видовме дека квалитетот е на повисоко ниво од она во Европа” изјави за порталот Go Auto, потпретседателот за дизант Robin Page.

Европските фабрики користат многу повеќе автоматизација, смета Page, па затоа мануелните прилагодувања се потешки.
Кинеските погони имаат повеќе луѓе и помала автоматизација. Но во исто време и пониска толеранција. Не станува збор за големи разлики, но статистистички гледано Кинезите се попрецизни.

Судејќи според новите трендови во автомобилската индустрија, и се поголемата тенденција на производителите на електрични возила да ги произведуваат во Кина, земјата која сака да биде лидер во производството и адаптацијата на електричната мобилност, не треба да не изненади во блиска иднина се повеќе автомобили на нашите патишта да носат ознака произведено во Кина.

Станете наш фан ако не сте, на нашата Facebook страна (Macedonian Business Hub) и читајте интересни текстови и размислувања што ги нема на друго место.

error: Content is protected !!