Мира Стојчевска пратеничка од СДСМ: Дизелот не е скап за сиромашните, тие немаат автомобили

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани, бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства немаат автомобил“, изјави во петокот пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ.

Мнозинството во петокот го одби предлогот на опозицијата да се укине еколошката маржа од 3 денари за дизелот која беше воведена како мерка против загадувањето.

Аргументите на Стојчевска се дека граѓаните се ионака сиромашни да купат кола а богатите немаат проблем со 3 денари поскап дизел.

Пратеничката за 9 месеци од собранието наплатила 11700 евра за патни трошоци.

Треба некој да и објасни на пратеничката, дека автомобил не е луксуз туку потреба, и дека со покачувањето на цената на дизелот најпогодени ќе бидат најсиромашните граѓани затоа што можеби не возат автомобили ама купуваат производи во продавница, а со покачување на цената на дизелот поскапуваат и производите во продавниците, зошто транспортните трошоци имаат удел во цената на производите!

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!