За три години ќе се задолжиме со 2,3 милијарди евра а јавниот долг ќе постави нов рекорд

Пред месец дена објавивме вест дека јавниот долг на Македонија надмина 5 милијарди евра (Нов рекорд: Македонскиот јавен долг надмина 5 милијарди евра!), и дека на крајот на првиот квартал оваа година јавниот долг изнесувал 47,2% од БДП.

Во „Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 година“ што ја објави Министерството за финансии, во наредните три години, од домашни и странски извори, Владата планира да се задолжи 2,3 милијарди евра, а притоа, во овој период треба да врати 1,5 милијарди евра стари долгови.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека буџетскиот дефицит во наредниот период ќе се намалува – како во апсолутен износ, така и како процент од бруто домашниот производ (БДП). Односно, во 2019 година тој ќе биде 2,5 проценти од БДП, а во 2021 ќе биде 2 проценти.

„Финансирањето на планираниот дефицит ќе се обезбедува преку задолжување од странски и домашни извори. Задолжувањето во странство може да се реализира преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, повлекување на средства од поволни кредити и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти, како и преку издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал. Притоа, изборот на конкретен извор за надворешно финансирање ќе се темели на тековните и очекуваните состојби на меѓународните пазари на капитал“, пишува во Фискалната стратегија.

Во документот е наведено дека  јавниот долг значително ќе расте и ќе постави нов рекорд кој ќе достигне 54,8 проценти од БДП во 2020 година(во моментов тој изнесува  47,2% од БДП)! Како резултат на интензивирањето според документот за фискална стретегија долгот се очекува да се намали дури  за еден процентен поен односно на 53,8% проценти од БДП во 2021 година.

„Поточно, јавниот долг ќе се движи значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво од 60 проценти од БДП“, децидни се од Министерството за финансии.

Притоа, пресметките во Стратегијата се базираат на значително зголемен економски раст на бруто домашниот производ поради поволни прогнози за европската економија, раст на инвестициите во Македонија, раст на платите и намалување на невработеноста. Во 2019 година се предвидува економски раст од 3,5 проценти, во 2020 година од 4 проценти и во 2021 година од 5 проценти.

Со други зборови ако рози цветаат во Македонија и во ЕУ. Но ова е само едно големо НО, затоа што ако не расте македонското БДП со предвиденото темпо, ако европската економија забави и не се случат планираните инвестиции и раст на плати а со тоа и намалување на невработеноста, лесно може да се случи далеку помал раст на БДП и зголемување на буџетскиот дефицит кој ќе придонесе за раст на јавниот долг на околу 60% од БДП ако не се разлизираат проекциите од „Фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 година“.

Македонија полека но сигурно влегува во должничко ропство, каде што за да ги сервисира своите долгови кон дома и странство, мора константно да се задолжува. А целиот терет на сите нови задолжувања на крај ќе го понесат слабите македонски компании и секако македонските граѓани кои едвај крај со крај врзуваат.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!