Хрватска продава дел од државниот возен парк

Интересни се реакциите на Хрватите на социјалните мрежи, кои бараат возилата на државните службеници повеќе да се продаваат, а за нивен превоз да користат јавен превоз или свој автомобил. Како што во Македонија така и во Хрватска не е непозната работа, службени возила на државен трошок да се возат за приватни потреби.

Хрватска дупките во државниот буџет ги закрпува и со продажба на возила. На продажба одат возилата на Хрватски шуми, Пошта, Полиција но и на многу министерства. Почетните цени се движат од 400 до 50 000 куни. Јавната аукција се оддржа во Загреб.

Државата го распродава дел од возниот парк на министерствата, агенциите и државните компании.

“На аукцијата имаме 192 возила. Имаме лични возила, товарни возила, мотоцикли и чамци “, рече Стипе Приморац, продажниот референт

Купувањето е по принцип видено купено. Освен возилата на четири тркала, Хрватска ќе продава и пловни објекти. Почетна цена за чамец и приколка е 8000 куни.

Во потрага по добро возило и заштета во буџетот е и градоначалникот на Општина Велика, Владо Бобан ” Нас не интересира само возило за комунални работи, сакаме да заштедиме и до сега сме ги купувале само од огласи”.

“Во 2017 година продадено е вкупно 496 возила и за тоа државниот буџет на Хрватска заработило 4 600 000 куни. Оваа година е продадено вкупно 134 возила и е исплатен износ од 1 000 000 куни”‘. рече Стипе Приморац, референт за продажба.

Интересни се реакциите на Хрватите на социјалните мрежи, кои бараат возилата на државните службеници повеќе да се продаваат, а за нивен превоз да користат јавен превоз или свој автомобил. Како што во Македонија така и во Хрватска не е непозната работа, службени возила на државен трошок да се возат за приватни потреби.

error: Content is protected !!