Во куќа во Тафталиџе денеска беше пуштена во употреба првата мала фотоволтаична централа
Скопје ја доби првата фотоволтаична централа за домаќинства. Истата овозможува секое семејство на својот покрив од домот да постави панел и за сопствени потреби да произведува електрична енергија. Вишокот струја ќе може да го продава на слободниот пазар.
Целта е да се подигне свеста кај граѓаните што повеќе да ја искористуваат сончевата енергија како природен ресурс – кој во иднина може да претставува еден од главните генератори на економски раст во земјава.
„Целта е да го намалиме увозот на електрична енергија и да го зголемиме домашното производство, да го подобриме квалитетот на живот и да овозможиме услови да се намалуваат трошоците за граѓаните, но и за компаниите со цел да обезбедиме поголема конкурентност и развој на стопанството,“
изјави Зоран Заев, премиер на Р. Македонија.
Инвестицијата е индивидуална и зависи од големината на објектот, карактеристиките на потрошувачката и бараната моќнос за производство.
„Ги повикувам сите да ги искористат поволностите кои ги имаме во нашата држава и поволните сончеви периоди со цел да ги намалат своите потрошувачки на електрична енергија, односно да заштедат, а дел од електричната енергија и да ја предадат на мрежата,“ вели Сашо Стојковски, член на УО на ЕВН.
Ова треба да ја продолжи праксата на имплементирање на сите трендови во енергетскиот сектор. Премиерот напомена дека и понатаму ќе се работи на мерки и решенија кои ќе бидат основа за развој на eнергетиката. Неодамна се отвори и првата домашна компанија за производство на фотоволтаични панели.