Веќе нема плаќање во кеш за суми над 120 000 денари

Веќе е забрането плаќање во готово за стоки и услуги во износ над 2.000 евра во денарска противвредност, според најновите измени на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам објавени неодамна во Службен весник.

Претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра.

Од 1 јануари 2019 година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни в година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.

Забраната важи за плаќањата на физичките и на правните лица.

Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!